Влада: Новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра е за заштита на животниот стандард, ликвидноста на компаниите и развојот на економијата

Мицкоски по добивањето на мандатот: Со новата реформска влада ќе нема граѓани од прв и втор ред

пред 7 месеци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес, во претседателската вила го доби мандатот за состав на новата влада и им се заблагодари на граѓаните што дадоа легитимитет на изборниот процес.

„Набргу ќе биде составена новата реформска влада, која ќе ги движи процесите напред. Граѓаните да се чувствуваат убаво, да нема граѓани од прв и втор ред. Да ги раздвижиме работите во економијата, подобрување на животниот стандард. Да ја подобриме состојбата во здравството – во 21 век пациенти да губат живот чекајќи во ходниците додека хируршките сали се во ваква состојба, учениците да добијат учебници, што е предизвик бидејќи состојбата во МОН е намерно опструирана за учениците да немаат учебници кога ќе почне учебната година. Субвенциите да бидат навремено исплатени, да имаме дипломатија што ќе ги штити интересите на нашето семејство“, рече Мицкоски притоа додавајќи дека главниот мотив е граѓаните што заминаа во странство да се вратат назад во својата татковина.

Прашан за тоа кои ќе бидат министри во новата влада, Мицкоски рече дека не може да ги открие имињата оти од денес почнуваат внатрепартиските консултации за предлозите за членовите на владата.

Мицкоски, во согласност со законот, има рок од 20 дена да формира влада, но очекува тоа да се случи побргу од превидениот рок.

Текстот Мицкоски по добивањето на мандатот: Со новата реформска влада ќе нема граѓани од прв и втор ред е превземен од МАКФАКС.