Општина Центар известува дека „ЕВН Македонија“ АД почна со активности на терен во дел на Паркот на франкофонија за да обезбеди привремен пристап за изградба наа нови електроенергетски објекти, односно нов 110 кВ вод во општина Центар, што е од витално значење за квалитетно напојување и инфраструктурен развој на општината и град Скопје.
Планираните активности со поставување тампонски материјал ќе се одвиваат во втората и третата недела од јуни 2024, од улицата Аминта Трети (Министерство за земјоделство) до Кеј 13 Ноември (кејот на Вардар).
Веднаш по завршувањето на активностите, „ЕВН Македонија“ е должна да пристапи кон обнување на сите површини оштетени со изградбата на привремениот пристап и нивно враќање во првобитна состојба, се истакнува во соопштението.
Текстот Општина Центар: Привремени активности на ЕВН во Паркот на франкофонијата е превземен од МАКФАКС.