Зверев избори финале на Ролан Гарос

Зверев избори финале на Ролан Гарос

пред 4 месеци

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос.

Четвртиот тенисер во светот во второто полуфинале го победи Каспер Руд по пресврт со резултат 3:1. По повеќе од два и пол часа игра резултатот беше 2:6, 6:2, 6:4, 6:2.

Зверев во финалето ќе се бори со Карлос Алкараз, во борбата за првиот Грен слем трофеј во кариерата. Шпанецот претходно го елиминира Јанико Синер (2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3).

Алкараз и Зверев годинава веќе одиграа два меча и забележаа по една победа. Зверев беше подобар во четвртфиналето на Австралија опен, а Алкараз му се реваншираше во финалето на Индијан Велс.

Вкупно во досегашните девет дуели Германецот има пет победи.

Share
Scroll to Top