Папараци ја снимија Ријана во Њујорк, таа ја покажа новата фризура

Папараци ја снимија Ријана во Њујорк, таа ја покажа новата фризура

пред 7 месеци

Ријана во последните неколку недели експериментира со фризури. Поп ѕвездата деновиве беше фотографирана во Њујорк, повторно со нов имиџ.

Откако во март драстично ја скрати косата и ја обои руса, пејачката сега ја обликува на различни начини. Претходните денови се шеташе со испеглана коса, додека сега покажа како и изгледа кога е навиткана.

Причината за нејзината нова фризура е нов бизнис. Ријана, која стана магнат во светот на убавината, лансира нова линија на производи за нега на коса. Ова е најновата експанзија на нејзиниот бренд за убавина Fenty, што ја направи милијардерка.

Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на коса ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса.

„Ја имав речиси секоја текстура, боја и должина на коса, од екстензии до плетенки и природна коса. Затоа лансирам приспособлива линија на производи, која не само што ја задоволува секоја потреба поврзана со нега на коса, туку секој производ е создаден за зајакнување и обновување на сите типови коса, што ни е исклучително важно!“ наведе таа во објавата.

Share
Scroll to Top