Заменик-претседателот на владата на Република Србија, Александар Вулин, кој е во повеќедневна официјална посета на Руската Федерација, во Москва се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Александар Грушка.
Потпретседателот Вулин, како што информираат од владата на Србија, посочил дека Русија е искрен пријател на Србија и на српскиот народ и побарал од заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација да му пренесе благодарност на министерот Сергеј Лавров за поддршката на Србија во Генералното собрание на Обединетите нации и гласање против, како што се наведува, срамните резолуции за Сребреница, пренесува N1.
Вулин рече дека Србија високо ги цени принципиелната и доследна поддршка на Руската Федерација во зачувувањето на територијалниот интегритет на Република Србија и нејзините национални интереси, како и безусловното почитување на Резолуцијата 1244, која беше усвоена на денешен ден во 1999 година.
Текстот Вулин во Москва: Србија високо ја цени постојаната поддршка на Русија е превземен од МАКФАКС.






