Блинкен: Критичен момент за Украина во војната против Русија

САД им порачаа на земјите од Блискиот Исток: Присилете го Хамас да го прифати договорот

пред 3 месеци

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика земјите од Блискиот Исток да извршат притисок врз Хамас да го прифатат предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за прекин на војната во Газа.

„Мојата порака до владите и луѓето во регионот е: ако сакате прекин на огнот, притиснете го Хамас да каже „да“, рече Блинкен пред да се обрати до Египет.

„Ако сакате да ставите крај на страшното страдање на Палестинците во Газа, принудете го Хамас да каже „да. Ако сакате заложниците да се вратат дома, притиснете го Хамас да каже „да“, додаде тој. Земјите од регионот и од целиот свет го поддржаа трифазниот план, а единствена која не кажа „да“ е Хамас, нагласи Блинкен.

Тој рече дека и Израел го прифатил предлогот на Бајден, иако израелската влада тоа јавно не го соопштила. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела изјави дека израелските услови за завршување на војната не се променети, односно целосно уништување на Хамас и ослободување на сите заложници.

Блинкен пристигна во Каиро во понеделникот за да се сретне со претседателот Абдел-Фатах ал-Сиси на почетокот на неговата блискоисточна турнеја чија цел е да се стави крај на тековната војна во Газа меѓу Израел и Хамас. По Египет, Блинкен ќе го посети и Израел. Неговата турнеја се очекува да ги вклучи и Јордан и Катар и да трае до среда.

Текстот САД им порачаа на земјите од Блискиот Исток: Присилете го Хамас да го прифати договорот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top