(Видео) Нов лапсус на Бајден: го помеша францускиот претседател Макрон на предизборен настан во Лас Вегас

Бајден ја прокоментира пресудата на неговиот син: Јас сум претседател, но сум и татко

пред 7 месеци

Американскиот претседател Џо Бајден ја коментираше пресудата што судиите му ја изрекоа на неговиот син Хантер Бајден, прогласувајќи го за виновен по сите три обвиненија за поседување оружје.

Бајден ја изрази својата љубов кон својот син и вети дека ќе ја прифати пресудата донесена од поротатa.

„Јас сум претседател, но сум и татко“, ја објавија медиумите изјавата на Бајден.

Бајден го повтори најголемиот дел од неговата изјава од 3 јуни, кога започна судењето, пренесува „ABC“.

„Како што реков минатата недела, јас сум претседател, но исто така сум и татко“, рече Бајден. „Џил и јас го сакаме нашиот син и горди сме на човекот што е денес. Толку многу семејства кои имале блиски се борат со зависноста го разбираат чувството на гордост во гледањето на некој што го сакате како излегува на другата страна и е толку силен и издржлив во процесот на закрепнување.

Како што реков и минатата недела, ќе го прифатам исходот од овој случај и ќе продолжам да го почитувам судскиот процес додека Хантер ја разгледува жалбата“, додаде претседателот. „Џил и јас секогаш ќе бидеме тука за Хантер и остатокот од нашето семејство со нашата љубов и поддршка. Ништо нема да го промени тоа“.

Хантер Бајден беше обвинет во септември од специјалниот советник Дејвид Вајс по две точки за давање лажни изјави за набавка на огнено оружје и трета точка за нелегално набавување огнено оружје додека бил под дејство на дрога.

Како што потсетува CNN, шефот на Белата куќа претходно изјавил дека нема да го помилува својот син.

По објавувањето на пресудата, 54-годишниот Хантер Бајден ја напушти судската зграда во придружба на неговата мајка, првата дама на САД Џил Бајден и сопругата Мелиса Бајден.

Претседателот на Комисијата за надзор и отчетност на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, републиканец од Кентаки, ја нарече пресудата на синот на Бајден чекор напред во спроведување на правдата на сите кои учествувале во корупциските шеми на семејството на американскиот лидер.

Текстот Бајден ја прокоментира пресудата на неговиот син: Јас сум претседател, но сум и татко е превземен од МАКФАКС.