Макрон: 2024 ќе биде година на гордост и надеж

Макрон потврди дека нема да поднесе оставка доколку неговата партија загуби на изборите

пред 7 месеци

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврди дека нема да поднесе оставка доколку неговата партија Преродба не победи на вонредните парламентарни избори на крајот на месецот.

„Сакам да ја отфрлам оваа идеја на почетокот бидејќи таа опција никогаш не постоела“, им рече Макрон на новинарите, според „Ројтерс“.

Макрон претходно денеска изјави дека распуштањето на францускиот парламент и распишувањето предвремени избори е единствениот можен одговор на добрите резултати што ги постигна екстремната десница на изборите за Европскиот парламент.

Текстот Макрон потврди дека нема да поднесе оставка доколку неговата партија загуби на изборите е превземен од МАКФАКС.