Англичаните во страв од српските хулугани

Англичаните во страв од српските хулугани

пред 4 месеци

Англиските медиуми им посветуваат големо внимание на навивачите во пресрет на натпреварот со Србија. Англија и Србија ќе се сретнат во Гелзенкирхен, во понеделник.

Во Гелзенкирхен се очекуваат околу 40.000 навивачи на Англија.

Од друга страна, организаторот најавува доаѓање на 5-8 илјади српски навивачи, наведуваат „Гардијан“ и „Дејли мејл“.

Локалната полиција ги предупредила Англичаните дека меѓу нив може да има околу 500 хулигани кои би можеле побараат физичка пресметка со островјаните.

„Најголемиот предизвик за нас ќе биде идентификување на насилните групи во рана фаза. Да се обидеме мирно да ги одвоиме од оние што го почитуваат законот“, рече началникот на полицијата во Гелзенкирхен, Питер Бот.

Иако претходно беа познати по насилните ексцеси низ Европа, за разлика од 600-те уапсени за време на ЕУРО 2020, пред натпреварот во Марсеј, ниту еден Англичанец не беше уапсен на Светското првенство во Катар во зимата 2022 година.

На повеќе од 1.600 Англичани им е забрането да ја напуштат земјата додека трае ЕУРО.

Над 1.000 германски полицајци ќе дежураат на улиците на Гелзенкирхен, поддржани од единицата за контрола на немири.

Share
Scroll to Top