Фернандо Сантош ќе го предводи Азербејџан

Фернандо Сантош ќе го предводи Азербејџан

пред 4 месеци

Фудбалскиот сојуз на Азербејџан официјално соопшти дека нов селектор на националниот тим е 69-годишниот португалски стручњак Фернандо Сантош.

Планот на Фудбалскиот сојуз на Азербејџан е Фернандо Сантош да создаде конкурентен тим кој ќе се пласира на следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2028 година.

Најголемиот успех во кариерата Фернандо Сантош го постигна во 2016 година, кога ја предводеше Португалија до титулата европски првак.

Во својата кариера ги водеше трите најсилни португалски клубови, Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон, а селектор на Португалија беше од 2014 до 2022 година. Пред тоа ја предводеше Грција, а откако Португалците му врачија отказ по СП во Катар, имаше исклучително неуспешна авантура како селектор на Полска.

Во текот на 2024 година, како негова последна работа пред Азербејџан, тој го тренираше Бешикташ, каде беше отпуштен во април поради лошите резултати.

Share
Scroll to Top