Реконструкција на улицата „Илија Димовски – Гоче“ во населбата Лисиче

Реконструкција на улицата „Илија Димовски – Гоче“ во населбата Лисиче

пред 2 години

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот на општината, Дејан Митески денеска направија обиколка на улицата „Илија Димовски – Гоче“, каде деновиве градежната механизација активно работи на целосна реконструкција на сообраќајница која се протега на двете страни од булеварот.

Проектот на обнова на улицата вклучува целосна замена на тампонтскиот и асфалтен слој, изведба на нови тротоари со павер елементи, како и поставување нова вертикална и хоризонтална сигнализација.

Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Светската банка, преку Министерството за транспорт и врски.

Со реализација на овој проект се унапредува сообраќајната инфраструктура во општината и се подобрува безбедноста во сообраќајот во Аеродром.

Текстот Реконструкција на улицата „Илија Димовски – Гоче“ во населбата Лисиче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top