Над југозападна Флорида се формира помал „Пустински ѓавол“. Овој виор од прашина, налик на торнадо, помина над индустриската зона, но не предизвика материјална штета.
Пустинскиот ѓавол е вид на локален атмосферски вител.
Се формира главно во текот на попладневните часови, односно во најтоплиот дел од денот.
Impressive Southwest Florida dust devil today in Fort Myers. Check out both the size and rotation as it went through an industrial section along Hanson St. They form on sunny days from pockets of warm, rising air as the updraft starts to swirl. Credit: @WINKNews viewer Theodore S… pic.twitter.com/MmCedPbZiN
— Matt Devitt (@MattDevittWX) April 25, 2024
Најмногу се формира за време на сончеви денови со слаб ветер, кога има интензивно загревање на подлогата, што доведува до загревање на воздухот до подлогата и потоа доаѓа до нагло издигнување на воздухот.
Тие се формираат над голо и суво, или над земја со ниска вегетација, бидејќи таквите типови на земјиште се загреваат побрзо и значително повеќе. Ова е причината зошто вртлозите на прашина се формираат почесто и достигнуваат поголем интензитет во региони со сува и топла клима, како што се пустините, па оттука и името пустински ѓавол.
Во нив, воздухот се крева од основата и се движи околу вертикалната оска – се врти. Овие виори обично се краткотрајни и не предизвикуваат голема штета. Нивниот дијаметар и висина може да биде од околу еден метар до неколку десетици метри. Тие вртат прашина, песок, лисја и полесни предмети. Понекогаш пустинските ѓаволи можат да бидат поинтензивни и да направат помала штета.
Иако пустинскиот ѓавол визуелно наликува на торнадо, бидејќи има и виорно движење и видлива инка создадена од подигната прашина и песок, виорите се значително послаби по интензитет и пократко времетраење од торнадата, а нивното формирање не е поврзано со облаците, туку започнува од земјата при сончево време, додека торнадата се спуштаат кон земјата од основата на олујните облаци.
Текстот (Видео) „Пустинскиот ѓавол“ ја погоди Флорида е превземен од МАКФАКС.