Мицкоски на средба со амбасадорот на УНДП, Григоријан: Констатирани континуираната поддршка и можноста за уште повеќе заеднички проекти со владата на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски на средба со амбасадорот на УНДП, Григоријан: Констатирани континуираната поддршка и можноста за уште повеќе заеднички проекти со владата на ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 месеци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со предлог-министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан, и Билјана Цветановска-Гугоска, раководителката на секторот за демократско владеење во УНДП.

На средбата се разговараше за идните чекори на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и за проектите што би се реализирале во рамките на Министерството за локална самоуправа, а би ги опфатило локалните самоуправи.

Воедно, беа констатирани добрата соработка, како и помошта и поддршката на УНДП, кои во континуитет ги дава во Македонија, и нивната исклучителна важност во земјата.

Претседателот Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и потенцира дека во иднина со владата на ВМРО-ДПМНЕ постои можност за нивно продлабочување и реализирање уште поголем број заеднички проекти.

Текстот Мицкоски на средба со амбасадорот на УНДП, Григоријан: Констатирани континуираната поддршка и можноста за уште повеќе заеднички проекти со владата на ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top