Во Битола приведена скопјанка барана со шест потерници

Полицајка украла златно сиџирче од затвореничка на Миконос

пред 7 месеци

Неименувана полицајка (31) е уапсена на Миконос под обвинение дека украла златен синџир од притвореничка во затворот каде што работела како заменик управник.

Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, 31-годишната службеничка била фатена на камера како краде синџир од чантата на 63-годишна жена, која тогаш била приведена.

Кога жената излегла од затворот и дошла да си ги земе личните работи, забележала дека накитот го нема. Жената ја известила полицијата, а како што се испоставило, крадецот бил никој друг туку заменчката управник која во меѓувреме била уапсена.

Истрагата е во тек.

Текстот Полицајка украла златно сиџирче од затвореничка на Миконос е превземен од МАКФАКС.