Мицкоски: На вториот ден од владата ќе има инвестиција ветропарк во вредност од 450 милиони евра

Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден

пред 2 години

Очекувам убави денови и тоа е нашата порака дека ќе градиме онаму каде што овие пред нас оставија неуспешни проекти и паметници на едно лошо корумпирано време, порача премиерот Христијан Мицкоски на првиот работен ден.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип, Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. Тој најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите.

Како што истакна, очекува во првата година линеарно зголемување на пензиите за секој пензионер од 5.000 денари.

„Нема да ни се случува голобради момчиња да купуваат трговски центри во главниот град, нема да ни се случуваат ‘ролс ројс’ и ‘мајбах’ возила, нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да имаме неуспешни проекти во делот на производството на марихуаната, туку ќе го работиме она што го дадовме како збор пред нашите граѓани“, порача Мицкоски.

Истакна дека нема да има дуализми, ниту функционери што ќе живеат од парите на граѓаните.

„Ќе има намалување на институциите, ќе бидеме тоа што го ветивме. Тоа што граѓаните го направија е доволно, сега татковината треба да направи за нив. „Граѓаните, пред сѐ“, ќе биде мотото на нашата Влада, порача Мицкоски.

Соопшти и дека утре или задутре ќе има состанок со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, и со министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочовска, во врска со законот за покачувањето на пензиите.

Текстот Нема да има фудбалчиња во кабинети, нема да ни се случуваат „ролс ројс“ и „мајбах“ возила, порача Мицкоски на првиот работен ден е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top