Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински.
За средбата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Го информирав министерот Перински за подготвеноста на општина Гази Баба за најавениот јавен повик од премиерот Христијан Мицкоски за финансирање на капитални проекти на општините низ Македонија. Во изминатите две и половина години посветено работевме на изготвување на урбанистичко – планска документација и денес слободно можам да најавам дека во општина Гази Баба во наредниот период ќе се реализираат голем број на капитални проекти“, рече Стефковски и додаде:
Дел од тие проекти се: Изградба на детска градинка во Трубарево; Изградба на детска градинка во Инџиково; Изградба на нова училишна зграда на ООУ Крсте Мисирков; Изградба на нов модул од фекалната канализација во Јурумлери; Комплетна реконструкција на Културниот дом во Ченто; Реконструкција и ревитализација на улица Петре Филиповски Гарката во Триангла; Реконструкција и ревитализација на улица Лазар Поп Трајков во Автокоманда;Реконструкција и ревитализација на улица 519 во Керамидница; Реконструкција и ревитализација на улица Палмиро Тољати во Ченто; Изградба на атмосферска канализација и водоводна мрежа на улица Јоран Поп Јорданов во Маџари; Реконструкција и ревитализација на дел од улица Жан Жорес (од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ Наум Наумовски Борче). Поддршката од Владата на Република Македонија е многу важна во процесот на реализацијата на капиталните проекти во општината.Им благодарам на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Златко Перински за нивната вистинска заложба за поддршка на општините, а преку тоа и за директна помош на граѓаните. Среќен сум што Македонија доби Влада на која приоритет и се граѓаните и развојот на општините! – напиша Стефковски.
Текстот Перински – Стефковски: Гази Баба најавува изградба на 10 капитални проекти е превземен од МАКФАКС.