Во третото коло од групата Ф на Европското првенство во Германија се среќаваат фудбалерите на Португалија и Грузија.
Најдобар стрелец во историјата на Грузија е Шота Арвеладзе, тој за националниот тим постигна 26 гола на 61 натпревар. Аверладзе остави длабока трага во Ајакс и Ренџерс на почетокот на 2000-тите.
Португалецот Кристијано Роналдо одигра 49 натпревари на големите натпреварувања, 27 на Европско и 22 на Светско првенство.
Во мечот против Грузија тој ќе стане првиот европски фудбалер кој ќе настапи на 50. репрезентативен меч на големите турнири.