Тартиф во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар

Тартиф во режија на Андреј Цветановски премиерно во Тетовскиот театар

пред 5 месеци

На 28 и 29 јуни во 20 часот во Тетовскиот театар премиерно ќе биде одиграна претставата Тартиф според Молиер, а во режија и адаптација на Андреј Цветановски.

Претставата изобилува со визуелни слики и емотивни конфликти меѓу ликовите. Самиот Молиер важи за еден од најзанчајните автори на класичната драматургија и е предизвик за целата екипа, која работеше на ова дело интензивно, вдахнувајќи креативен печат и убава енергија.

„Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе. И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?“, изјави режисерот на претставата, Андреј Цветановски.

Во претставата играат: Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски; Оргон – Петрит Незири; Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска; Дорина – Марија Цветановска; Дамис – Марко Богдановски; Клеант – Арѓенд Хасани; Маријана – Ирена Мирческа; Валер – Абдула Османи; Пернел – Берат Салиу; Лојал – Шкумбин Зеќири.

Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, костимите се дело на Медина Хоџа, додека зад музиката стои Димитар Андоновски.

Проектот е подржан во годишната програма на Министерството за култура и е втора премиера од програмата на Тетовскиот театар за оваа година, после премиерата Пациентот на Фројд од Миро Гавран во режија на Гент Чајани.

Share
Scroll to Top