Англичанецот Мајкл Оливер е назначен за судија на натпреварот меѓу Германија и Данска во осминафиналето на Европското првенство, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).
Негови помошници ќе бидат Англичаните Стјуарт Бурт и Дејн Кук, додека УЕФА за четврти судија го назначи Ирфан Пељт од Босна и Херцеговина.
Во ВАР собата ќе седнат Англичаните Дејвид Кут и Стјуарт Атвел, како и Масимилијано Ирати од Италија.