Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ шест месеци пред истекот на мандатот

Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ шест месеци пред истекот на мандатот

пред 6 месеци

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поднесе оставка од функцијата.

Деспотовски објасни дека неговиот мандат истекува во декемрви, но свесен е за новата политичка реалност.

Додава дека она што кулминирало деновиве бара негов целосен ангажман.

Деспотовски беше еден од предлозите за нов претседател на СДСМ, но на внатрепартиските избори што се одржаа викендов беше поразен од ексминистерот за здравство, Венко Филипче.

Деспотовски на чело на ТИРЗ застана на крајот на 2020 година.

Текстот Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ шест месеци пред истекот на мандатот е превземен од МАКФАКС.