(Видео) Стампедо на верски фестивал во Индија, 87 мртви, се шират морничави снимки

(Видео) Стампедо на верски фестивал во Индија, 87 мртви, се шират морничави снимки

пред 6 месеци

Најмалку 87 лица загинаа денеска во стампедо на верски настан во северната индиска држава Утар Прадеш, јави NDTV, додека властите досега потврдија 60 мртви.

Стампедото се случило во село во областа Хатрас, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Њу Делхи.

„Во моментов не го знам точниот број на жртви, но тие се околу 60… Постои можност бројот да се зголеми“, изјави за Ројтерс портпаролот на окружната полиција Маниш Чикара.

Непотврдени видеа на социјалните мрежи покажуваат тела наредени на земја пред локална болница. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди видеата. Лидерот на државата Утар Прадеш Јоги Адитјанат нареди истрага за инцидентот.

„Дадени се инструкции до надлежните службеници да спроведат операции за помош и спасување и да им пружат соодветен третман на повредените“, напиша тој на платформата Икс.

Текстот (Видео) Стампедо на верски фестивал во Индија, 87 мртви, се шират морничави снимки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top