Ријана објави слики во долна облека и ја најави својата нова колекција

Ријана објави слики во долна облека и ја најави својата нова колекција

пред 6 месеци






Ријана објави две фотографии од себе на Инстаграм профилот на нејзиниот бренд за модна долна облека. На овој начин таа најави обнова на соработката со Адам Селман, моден дизајнер со кој веќе соработуваше во минатото.

Таа позираше во црн комплет долна облека и проѕирно црно здолниште кое не крие многу.

„Оригиналната соработка на Ријана и Адам Селман за Savage X се врати“, напиша Ријана на објавата и предизвика воодушевување меѓу фаниците.

Минатиот месец Ријана лансираше нова линија на производи за нега на коса наречена Fenty Hair. Тоа е најновата експанзија на нејзиниот бренд за убавина Fenty, што ја направи милијардерка. Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на коса ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса.






Share
Scroll to Top