(Видео) Возел џип на плажа, па почнал хаосот: полицаец спречил поголема  катастрофа

(Видео) Возел џип на плажа, па почнал хаосот: полицаец спречил поголема катастрофа

пред 2 години

Полицаец скокнал во автомобил во движење за да спречи пијан возач и на тој начин да спречи трагедија.

На плажа во рускиот град Краснојарск во Сибир се појави џип управуван од пијан маж.

Со својот автомобил тој влетал право во преплашените туристи, а потоа во реката, пренесуваат локалните медиуми.

За да го спречи, полицаецот го стигнал автомобилот, ја отворил задната врата, скокнал во патничкиот простор и го принудил возачот да застане.

Ја спречил трагедијата и смртта на невините туристи кои скаменети ја гледале шокантната сцена.

Текстот (Видео) Возел џип на плажа, па почнал хаосот: полицаец спречил поголема катастрофа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top