Бред Пит фотографиран со својата девојка Инес

Бред Пит фотографиран со својата девојка Инес

пред 2 месеци

Бред Пит и неговата 26 години помлада девојка Инес де Рамон се фотографирани на редок состанок.

Папараците ги снимиле кога пристигнале на Формула 1 трката во Велика Британија. Судејќи по фотографиите, парот бил добро расположен и се држеле за рака.

Доаѓањето на Пит на патеката во Формула 1 беше донекаде очекувано со оглед на тоа што моментално снима филм за Формула 1, и тоа во Велика Британија. Сепак, обожавателите на актерот не очекуваа дека Инес ќе дојде со него.

Потсетуваме, по разводот со Анџелина Џоли, Пит излегуваше со други жени, но ниту една од овие врски не прерасна во нешто сериозно, се додека не ја запозна Де Рамон.

Инес претходно беше во брак со ѕвездата од „Дневниците на вампирите“, Пол Весли, со кој се омажи во 2019 година. Меѓутоа, во мај 2022 година, брачната идила заврши и тие се разведоа.

Share
Scroll to Top