Претседателката Силјановска-Давкова прими претставници на Националниот сојуз на слепите: Неопходно е да се подобри животниот стандард на овие лица

Претседателката Силјановска-Давкова прими претставници на Националниот сојуз на слепите: Неопходно е да се подобри животниот стандард на овие лица

пред 6 месеци

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска прими делегација од Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија, сочинета од Жарко Селковски, претседател, и Ирена Бојмалиева и Лупчо Ваневски, членови на Сојузот.

На средбата претставниците на Националниот сојуз на слепите ја информираа претседателката Силјановска-Давкова за нивните тековни активности, како и за нивните идни ангажмани во насока на заштита на правата на лицата со оштетен вид и нивна инклузија во сите сегменти на македонското општество. Претставниците на Сојузот посочија дека обединуваат над 2.600 лица со целосно или делумно оштетен вид на територијата на целата држава и истакнаа дека Националниот сојуз на слепите е член на неколку меѓународни организации, меѓу кои се Балканскиот консултативен комитет, Европскиот и Светскиот сојуз на слепите.

Претседателката Силјановска-Давкова порача дека само преку тесна соработка меѓу Сојузот и релевантните државни институции ќе се подигне свеста за унапредување на правата на лицата со оштетен вид.

Соговорниците се согласија дека е неопходно да се подобри животниот стандард на овие лица, како и да им се олесни пристапноста до соодветно образование, здравство, култура и спорт.

Текстот Претседателката Силјановска-Давкова прими претставници на Националниот сојуз на слепите: Неопходно е да се подобри животниот стандард на овие лица е превземен од МАКФАКС.