Бајден отпатува на состанокот на Г7 во Италија каде ќе се преговара за помош на Украина

Две третини од Американците сакаат Бајден да се повлече од изборната трка

пред 6 месеци

Две третини од Американците сакаат американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од изборната трка, покажува најновата анкета.

Анкетата, спроведена од ABC News, The Washington Post и Ipsos, доаѓа додека се зголемува притисокот врз Бајден по неговиот несигурен настап во ТВ дебата на 27 јуни со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.

Моментот на објавување на анкетата може да биде значаен бидејќи подоцна денеска Демократите во Сенатот треба да одржат состанок со претставниците на изборната кампања на Бајден, откако сенаторот Питер Велч, првиот демократ, го повика Бајден да се повлече од трката, според Newsweek.

Текстот Две третини од Американците сакаат Бајден да се повлече од изборната трка е превземен од МАКФАКС.