Лога со писмо ја известил меѓународната заедница за најавите за ,,упад” од парламентарното мнозинство врз правосудниот систем

Лога за молитвата во Собрание: Нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од “Скопје 2014” без бисти на верски светци

пред 6 месеци

Екс министерот за правда Кренар Лога го поддржува денешниот настан за одбележување на Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, кој се одржа во Собранието.

„Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници. Меѓутоа, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од “Скопје 2014” без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници“, пишува Лога.

„Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа “Свети Апостол Павле II”. Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој.

Поддршка за денешната активност во Собранието на РСМ по повод годишнината од Сребреница“, вели Лога во напишаното на социјалните мрежи.

Поддршката на Лога следи откако претходно СДСМ упати реакција за молитвата.

Текстот Лога за молитвата во Собрание: Нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од “Скопје 2014” без бисти на верски светци е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top