Македонија е секуларна држава и одговорност е на Претседателот на собранието да се грижи за дигнитетот на собранието и негова заштита од злоупотреби, изјави Никола Мемов, портпарол на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија.
„Движењето ЗНАМ-За наша Македонија ги почитува сите религии на припадниците на етничките заедници во Македонија, но сакаме да потенцираме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди. Согласно Уставот, Македонија е јасно декларирана секуларна држава. Религиозни обреди во институциите на државата не се дозволени. Политички, Собранието може на поинаков начин да го осуди геноцидот во Сребреница“, вели Мемов.
Според него, одговорноста е на Претседателот на Собранието да се грижи за дигнитетот на Собранието како и негова заштита од злоупотреби како највисок претставнички дом во Македонија.
„Овој чин на злоупотреба, исто како и непочитување на законот за употреба на знамињата, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија го смета како чин на провокација и демонстрација на моќ од позиција на власт, преку прекршување на Уставот и законите на Македонија“, истакнува портпаролот на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија.
Текстот Движењето ЗНАМ со реакција во врска со молитвата во Собранието: „Религиозни обреди во институциите на државата не се дозволени“ е превземен од МАКФАКС.