Поради настапот на Шакира ќе бидат прекрши правилата на фудбалската игра

Поради настапот на Шакира ќе бидат прекрши правилата на фудбалската игра

пред 5 месеци

Во финалето на Копа Америка ќе се сретнат актуелниот светски шампион Аргентина и Колумбија. Натпреварот се игра ноќта од недела кон понеделник во два часот по македонско време.

Финалниот натпревар ќе се одигра во Мајами на стадионот Хард Рок кој собира 65.300 гледачи. Аргентина предводена од Лионел Меси во полуфиналето ја совлада Канада со 2:0, додека Колумбија го победи Уругвај со 1:0.

Ако Аргентина ја освои титулата, тие ќе станат рекордери со 16 победи на Копа Америка, овој рекорд во моментов го делат со Уругвај. Аргентинците ја бранат тотулата освоена во 2021 година. Колумбија, пак, ќе се обиде да ја освои втората шампионска титула во историјата, откако прв и последен пат успеа во тоа во 2001 година кога беше домаќин и во финалето го совлада Мексико.

На полувремето од натпреварот, ќе настапи една од најголемите поп ѕвезди, колумбиската пејачка Шакира, чии две најголеми врски со фудбалот се бракот со нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен стопер на Барселона Џерар Пике и фактот што ја изведе неофицијалната химна на Светското првенство одржано во 2010 година во Јужна Африка.

Нејзиниот настап ќе ги прекрши правилата на фудбалската игра. Поточно, ESPN пренесува дека настапот на полувремето од финалниот натпревар ќе трае 25 минути, што е 10 минути подолго од нормалното времетраење на паузата меѓу двата дела од натпреварот.

Времетраењето на полувремето е строго пропишано со правилата на фудбалската игра на ИФАБ, каде што јасно е наведено дека „Играчите имаат право на одмор помеѓу полувремето кое не може да трае подолго од 15 минути“.

Засега не е јасно дали ИФАБ дозволиле во овој случај да се игнорира ова правило или организаторите решиле да го направат тоа сами.

Share
Scroll to Top