Славески: Во предвидениот ребаланс на буџетот нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар

Славески: Во предвидениот ребаланс на буџетот нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар

пред 2 години

„3-4 месеци пред завршувањето на 2023 година градоначалничката Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување одлука за задолжување за набавка на екоавтобуси, таа изјави дека во буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на екоавтобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во буџетот за 2024 година, останавме повторно на тие предлози“, истакна претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Тој продолжи и додаде:

„Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има некоја промена што оди кон одвојување средства за набавка на автобуси“, вели Славески.

Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека има цел еден денар за да се почне со оваа активност.

Текстот Славески: Во предвидениот ребаланс на буџетот нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top