Пожарот кај Смолево ставен под контрола

Пожарот кај Смолево ставен под контрола

пред 6 месеци

Пожарот, кој вчера попладне ја зафати месноста наречена Смолево, а во текот на попладневните и вечерните часови се прошири кон Стрежевскиот канал и кон селото Буково, е ставен под контрола.

Утринава и во претпладневните часови, со помош на канадери и авион кој испушташе водени бомби, пожарот е целосно изгаснат. Но и натаму постои опасност од палење, бидејќи опожарениот терен е многу стрмен иопожарените остатоци на дрвја, шишарки итн, лесно со тркалање се пренесуваат до неопожарените делови.

Во моментов, но и во преостанатиот дел од денот, екипите на ТППЕ Битола и на јавното претпријатие Водовод остануваат и натаму на терен, постојано ја контролираат областа, каде што работат на догаснување навнатрешните пламени жаришта, известуваат надлежните.

Текстот Пожарот кај Смолево ставен под контрола е превземен од МАКФАКС.