Северот на Грција денеска го зафати невреме пропратено со грмежи, а удари од гром предизвикаа нови пожари.
По силното невреме, забележани се неколку пожари во близина на градот Козани, на околу 450 километри северно од Атина, соопштија грчките власти.
На фарма недалеку од градот Флорина од гром загинаа девет крави, а неколку животни беа повредени.
Температурите во Грција денеска се нешто пониски, но во некои делови од земјата и понатаму се околу 40 Целзиусови степени.
Опасноста од пожари е сè уште висока надвор од Атина и во поголемиот дел од Грција за време на повеќедневниот топлотен бран што зафати голем дел од јужна Европа, пренесува АП.
Текстот Силно невреме ја зафати Грција, громовите предизвикаа нови пожари е превземен од МАКФАКС.