Полицијата застанала косовски автобус кај Крива Паланка и нашла над 5.000 лекови, брендирани чанти и парфеми, приведени се две лица

Полицијата застанала косовски автобус кај Крива Паланка и нашла над 5.000 лекови, брендирани чанти и парфеми, приведени се две лица

пред 6 месеци

Приведени се двајца косовски државјани кои во автобус криумчареле стока без соодветна документација.

Полицијата го сопрела автобусот околу 3.50 часот утрово кај Крива Паланка, а возилото било во сопственост на компанија за превоз на патници од Косово.

„При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација“, соопшти МВР.

Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама и злоупотреба на службената положба и овластување.

По консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.

Текстот Полицијата застанала косовски автобус кај Крива Паланка и нашла над 5.000 лекови, брендирани чанти и парфеми, приведени се две лица е превземен од МАКФАКС.