(Видео) Пет лица се залепија на пистата на аеродромот во Келн: поради климатските активисти, откажани летови

(Видео) Пет лица се залепија на пистата на аеродромот во Келн: поради климатските активисти, откажани летови

пред 6 месеци

Еден од најголемите германски аеродроми ги запре сите летови откако климатските активисти се залепија на пистата.

Десетици летови кои заминуваа од аеродромот во Келн беа одложени или откажани. Групата Last Generation соопшти дека пет луѓе останале залепени на пистата.

Групата рече дека „слични мирни граѓански протести на аеродромите“ се планирани во Европа и Северна Америка.

Инаку, „Келн-Бон“ е шестиот најфреквентен аеродром во Германија – по Хамбург, Диселдорф, Берлин Бранденбург, Минхен и Франкфурт.

Текстот (Видео) Пет лица се залепија на пистата на аеродромот во Келн: поради климатските активисти, откажани летови е превземен од МАКФАКС.