Во Манила е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи во регионот на главниот град на Филипините предизвикани од предвидениот тајфун Геми.
Додека дождот ги поплави Манила и околните градови, филипинската крајбрежна стража соопшти дека 260 патници и 16 пловни објекти се блокирани во пристаништата, 114 лета од Манила се откажани, а училиштата се затворени, пренесува „Ројтерс“.
Бурата, која е сѐ посилна додека се движи кон кинескиот регион Тајван, не стигна до Филипините, но ги засили сезонските монсунски дождови предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави во последните неколку дена.
Текстот На Филипините прогласена регионална вонредна состојба поради пристигнувањето на тајфунот Геми е превземен од МАКФАКС.