Патник од Австралија слетал во Македонија со часовници вредни 240.862 денари

Патник од Австралија слетал во Македонија со часовници вредни 240.862 денари

пред 2 години

Царинските службеници на скопскиот аеродром вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари.

Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.

Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite.

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.

Текстот Патник од Австралија слетал во Македонија со часовници вредни 240.862 денари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top