Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев – обвинителството отвори истрага против две лица

Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

пред 2 години

Два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата се одземени за време на претресот во Академијата, во рамки на предметот против врховниот судија, Наќе Георгиев.

Од Обвинителството информираа дека при анализа на телефонот на осомничениот, дошле до сознанија кои упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.

Врховиот судија Наќе Георгиев беше уапсен во мај, годинава, поради мито од 10.000 евра со цел да намести случај во полза на обвинет.

Текстот Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top