Најопасните години од животот за секој хороскопски знак

Хороскопот им носи љубов до крајот на летото на некои од хороскопските знаци

пред 4 месеци

Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда за брак или ќе си ја запросат саканата.

Според астролозите, периодот од почетокот на август до крајот на септември ќе биде најромантичниот во 2024 година.

Некои хороскопски знаци ќе доживеат летна авантура, други ќе најдат љубов, но има и такви кај кои нема (скоро) ништо да се смени на љубовен план.

Во која група спаѓате вие?

Овен

Ова е период создаден за задоволство и сензуалност.

Уживајте во љубовните моменти покрај партнерот, а ако не сте во врска, на повидок е љубовна авантура.

Бик

Ќе бидете шармантни, самоуверени и харизматични како никогаш порано, па ќе бидете магнет за спротивниот пол.

Меѓу оние што ќе флертуваат со вас, можно е да се појави и некој што вистински ќе ви го привлече вниманието и ќе посакате да почнете врска.

Близнаци

Можно е да ве заведе некој што не е подготвен за врска, па бидете подготвени и за љубовна болка, а не само за убави денови.

Но, вашата верба во љубовта и позитивен став ќе ви помогнат да ги надминете и неубавите денови.

Рак

Љубовта може да ве изненади, па бидете отворени за нови познанства и искуства.

Немојте да се изненадите ако се вљубите во долгогодишен пријател/ка.

Лав

Ќе ги привлекувате луѓето како магнет, па искористете го овој поволен период.

Не е исклучено да запознаете некој преку работата или да се впуштите во летна авантура со некој колега.

Девица

Можно е да запознаете некого кој живее далеку од вас, а ако ви е убаво, не ја отфрлајте можноста за врска на далечина.

Ако сте во врска, ова е идеално време да заминете на романтично патување со саканата личност.

Вага

Ќе сакате да бидете мистериозни и на тој начин да привлечете некоја личност што ви се допаѓа.

Размислете дали ова е најдобрата тактика за да се допаднете некому – може погрешно да „ве прочита“.

Скорпија

Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда за брак или ќе си ја запросат саканата.

Ако сте сингл, можно е да привлечете нова личност со својот шарм, а тоа да се претвори во сериозна врска.

Стрелец

Во овој период фокус ќе ви биде работата – делувате како љубовта да не ве интересира.

Но, ако се појави некој што упорно пробува да ве освои, дајте му шанса.

Јарец

Ова е време за страст, па до крајот на летото може да очекувате љубовна авантура. Забавата ви е на прво место, но не заборавајте ни на обврските, семејството, пријателите…

Водолија

Ова е период во кој љубовта нема да ви цвета, а сепак нема да ви биде лошо.

Нема потреба од преголеми очекувања, ниту да се трудите да заведете некого по секоја цена, бидејќи нема да ви успее – вашето време е пред крајот на годината, не сега.

Риби

Соберете храброст и признајте му на партнерот што чувствувате за него.

Ова може само да ви ја продлабочи врската, а вие ќе бидете посреќни поради тоа.

Share
Scroll to Top