Појадок кој ќе ви се допадне! Брускетата со мирис на Италија е вистинска рапсодија на вкусoви

Појадок кој ќе ви се допадне! Брускетата со мирис на Италија е вистинска рапсодија на вкусoви

пред 3 месеци

Освен што е одличен појадок, брускетата капрезе е и брзо и лесно мезе и одлично решение кога ќе се појават ненајавени гости.

Брускети капрезе се прават брзо и лесно.

Состојки:
Леб од багет
2 чешниња лук
3 лажици маслиново масло
Чери домати
Кромид
Сирење моцарела
Бебешки спанаќ или рукола

Подготовка: Исечете го лебот на парчиња. Исечете го лукот и додадете маслиново масло, а потоа премачкајте го секое парче со него.

Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее, а потоа печете го лебот неколку минути.

Исечете го доматот на мали парчиња. Младиот кромид исечкајте го на прстени и додајте ги во садот со доматите.

Сè зачинете со две лажици маслиново масло и додадете зачини по желба. Сирењето моцарела исечкајте го. Доколку користите моцарела, доволно е да ја преполовите.

Наполнете го тост лебот со зеленчук и сирење и одозгора додајте спанаќ или рукола, ако ја сакате.

Share
Scroll to Top