„Тој е единствената причина што ја сакам Олимпијадата“ - жените полудеа по францускиот репрезентативец

„Тој е единствената причина што ја сакам Олимпијадата“ – жените полудеа по францускиот репрезентативец

пред 3 месеци

Францускиот репрезентативец во скокови во вода, Жил Бује, ја освои женската популација со својот изглед.

Роден е во 2002 година. Во детството почнал да нурка, а неговиот тренер го забележал неговиот потенцијал и му дозволи да се приклучи на Францускиот национален спортски институт.

По повредата на рамото, Бујер учествуваше на Светското првенство во скокање во Доха. Тој заврши на петтото место и со тоа се пласираше на Олимписките игри во Париз.

Неговиот колега, Алексис Жандар, сподели нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи, а набрзо се појавија голем број жени кои се воодушевија од Жил.

„Тој е единствената причина зошто ја сакам Олимпијадата“, „Каков маж“, „Ти благодарам што ми ја направи вечерта“, „Моите очи се вперени во Жил“, „Сакаме повеќе фотографии од Жил“, „Костимот за капење совршено му стои“ , се дел од коментарите.

Жил не е успешен само во светот на спортот. Очекувано бил забележан од модни агенти, па потпишал договор со агенцијата „Форд моделс“.

Оваа информација ги израдува и неговите обожавателки бидејќи наскоро ќе можат да го видат во модни кампањи, но и на модните писти.

Share
Scroll to Top