Хуманитарен пункт за граѓаните од опожарените места во источна Македонија ќе биде отворен денес во Скопје.
Во моментот, најголема е потребата од конзервирана храна, душеци, ќебиња, чаршафи, перници, патки, oблека сочувана испрaна и сортирана на принцип машка или женска, големина и возраст. За мебел , покуќнина и градежен материјал ќе има одделни соопштенија откако ќе завршат сите можни опасни состојби и чистење на теренот. Лекови и дезинфекциони средства веќе се собираат.
Пунктот ќе биде до „Ист гејт мол“, во близина на комуналното претпријатие, а волонтерите ќе работат од 16 до 20 часот.
„Ако сакате да донирате во Скопје, но немате превоз да донесете, пишете во коментар од која населба сте -ние ќе ви вратиме на коментарот. Сите кои сакате да волонтирате или да помогнете со локален транспорт/ превземање на донациите пишете ни на официјалниот број или на Вибер. 070601068 “, стои во објавата.
Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.