Симонс останува на позајмица во Лајпциг

Симонс останува на позајмица во Лајпциг

пред 3 месеци

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Чави Симонс до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Лајпциг, соопшти германскиот клуб.

Симонс кариерата ја започна во школата на Барселона, а во 2019 година се пресели во Пари Сен Жермен. Потоа во сезоната 2022/2023. играше за ПСВ Ајндховен, но по само една година се врати во францускиот клуб.

21-годишниот играч и минатата сезона ја мина на позајмица во Лајпциг. Симонс за германскиот клуб одигра 43 натпревари и постигна 10 гола.

За холандската репрезентација настапи на 20 натпревари и двапати се запиша во листата на стрелци.

Share
Scroll to Top