Трошоците на живот зголемени 3 отсто во однос на лани, а цените на мало 3,9 проценти

Трошоците на живот зголемени 3 отсто во однос на лани, а цените на мало 3,9 проценти

пред 4 месеци

Индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на истиот месец лани, бележи зголемување од 3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 отсто.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2024 година, во однос на минатиот месец изнесува 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8, транспорт за 4.9 отсто, рекреација и култура за 1.2 отсто, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 процент.

Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101.5.

Текстот Трошоците на живот зголемени 3 отсто во однос на лани, а цените на мало 3,9 проценти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top