(Видео) Српскиот капитен Јакшиќ со звукот на сирената ја елиминира Грција

(Видео) Српскиот капитен Јакшиќ со звукот на сирената ја елиминира Грција

пред 3 месеци

Уште еден драматичен натпревар попладнево се одигра на Олимписките игри во Париз. По епскиот натпревар на ракометниот турнир, во кој Германија ја победи Франција по продолженијата, трилер завршница видовме во второто четвртфинале на ватерполо турнирот. Србија, бранителот на злтниот медал, во реприза на финалето од Токио, ја победи Грција со 12:11 со голот на капитенот Јакшиќ на една секунда до крајот.

Србија и Грција водеа „војна“ во базенот во текот на сите 32 минути. Србите, во чии редови блескаше Мандиќ, имаа гол преност по првите две четвртини, но во последниот период влегоа со гол негатива.

На нешто повеќе од две минути до крајот Мандиќ и ја врати предноста на Србија (11:10). Потоа двете репрезентации не реализираа по три напада, а драмата кулминираше во последните 20 секунди.

Откако Србите не реализираа со играч повеќе, Грчкиот селектор побара тајм-аут. Нацрта добра акција, а на шест секунди до крајот Влехопулос погоди за 11:11.

И кога сите се подготвуваа за пенал рулетот, капитенот на Србија Јакшиќ избори фаул, а потоа од 10 метри во последната секунда постигна гол кој ја однесе Србија во полуфиналето.

За место во финалето, Србија ќе игра против победникот од дуелот меѓу САД и Австралија.

Претходно полуфинале избори и Хрватска со победата над првиот фаворит Шпанија (10:8). Хрватите за финале ќе се борат против Италија или Унгарија.

Share
Scroll to Top