Се укинува пролетниот распуст за учениците

Се укинува пролетниот распуст за учениците

пред 5 месеци

Се укинува пролетниот распуст, кој што беше воведен минатата учебна година.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, вели дека укинувањето се должи на барањето на родителите и повозрасните ученици, на кои распустот повеќе им ги комплицирал работите, отколку што им ги олеснувал.

„Финалните одговори на родителите и повозрасните ученици покажаа дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има. Децата губат континуитет , родителите немаат каде да ги остават помалите дечиња. Не им се поклопува со одредени празници, за да можат заеднички да ги искористат. Сметаат дека е повеќе комликација , отколку поволност“, изјави Јаневска.

Новата учебна година ќе започне на 2. септември – понеделник и ќе трае до 10 јуни , следната година.

Текстот Се укинува пролетниот распуст за учениците е превземен од МАКФАКС.