(Видео) Русија: Продолжуваат борбите во два округа

(Видео) Русија: Продолжуваат борбите во два округа

пред 2 години

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните сили продолжуваат со борбите со украинските војници во пограничните области Суџак и Кореневски во областа Курск.

Русија соопшти дека најмалку 1.000 украински војници, поддржани од тенкови и оклопни возила, ја преминале границата.

Русија затвори три железнички станици во Курск

Рускиот државен железнички оператор Московски железници објави дека станиците Сужа, Коренево и Псел во регионот Курск се „привремено затворени за патници“ поради тековните борби во регионот, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.

Текстот (Видео) Русија: Продолжуваат борбите во два округа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top