„Цикличен хибрид“ – Македонија назадува во правото и борбата против корупцијата, нотира извештајот на „Фридом хаус“

Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Тирана и Белград – објавена листата на најскапите градови во светот

пред 9 месеци

Онлајн базата на податоци „Нумбео“ во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци, откри дека швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година.

Цирих е на второто место, додека Њујорк е на третото.

На листата која вклучува 218 градови, Скопје се наоѓа на 160 место според трошоците за живот.

Во споредба со земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина, Косово (195 место) и Ниш, Србија (165).

Tрошоците на живот се повисоки во земјите-членки на ЕУ, па така, Aтина е на 91 место на листата на наскапи градови, Љубљана 96 и Загреб 107. Зад нив е Тирана , град кој се најде на 114 место. Понатаму е Белград на 127, Софија 132, Подгорица 143, Aнкара 145 и Сараево 148 место.

Интересен податок е и дека според оваа листа, поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија кој се наоѓа на 162 место, отколку во Скопје.

Компанијата со база на податоци ги разгледа факторите како што се цената на намирниците, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување и колку далеку оди локалната валута за да ги формулира своите резултати.

Целата листа на линкот.

Текстот Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Тирана и Белград – објавена листата на најскапите градови во светот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top