СДСМ: Десет затвореници избегале од затворот во Шуто Оризари, неспособните Пандов и Утковски да бидат разрешени

СДСМ: Десет затвореници избегале од затворот во Шуто Оризари, неспособните Пандов и Утковски да бидат разрешени

пред 5 месеци

Дури десет затвореници избегале од затворот во Шутка. Власта се обиде да ја сокрие информацијата од јавноста, но не успеа во намерата, велат од СДСМ.

„Неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски се евидентни на секој чекор. Каде е сега Пандов да одржи прес конференција и да каже како се случи да му побегнат 10 затвореници и да понесе одговорност за пропустите? Ова е уште една потврда дека Христијан Мицкоски намести несоодветни, непрофесионални кадри на директорските места само по партиски клуч“, додаваат од СДСМ.

Според нив, најмалку што треба да направи Мицкоски е да ги разреши неспособните директори, Александар Пандов и Бобан Утковски.

Текстот СДСМ: Десет затвореници избегале од затворот во Шуто Оризари, неспособните Пандов и Утковски да бидат разрешени е превземен од МАКФАКС.