Портпаролот на израелската армија: „Израел се уште е во војна со Хамас, најавената пауза е само оперативна“

Хамас истрела две ракети кон Тел Авив од Појасот Газа, без жртви или повредени

пред 5 месеци

Хамас денеска истрела две ракети врз израелскиот крајбрежен град Тел Авив, откако во последниот израелски воздушен напад врз Појасот Газа загинаа 19 Палестинци.

Според извештаите од Израел, нема жртви, а една од ракетите паднала во морето во близина на Тел Авив, пренесува Ројтерс.

„Го бомбардиравме градот Тел Авив и неговите предградија со две ракети М90 како одговор на ционистичките масакри на цивили и намерното раселување на нашиот народ“, се вели во соопштението на Хамас.

Текстот Хамас истрела две ракети кон Тел Авив од Појасот Газа, без жртви или повредени е превземен од МАКФАКС.