Британски Јутјубер облечен како спортист го измами обезбедувањето на Олимпијадата за да се слика со Макрон

Британски Јутјубер облечен како спортист го измами обезбедувањето на Олимпијадата за да се слика со Макрон

пред 2 месеци

Британскиот јутјубер Даниел Џервис успеал да дојде до францускиот претседател Емануел Макрон и да се фотографира со него за време на затворањето на Олимписките игри во Париз, облекувајќи се како спортист, објави денеска францускиот портал Indepandan.

Џервис на социјалните мрежи се пофали дека успеал да го заобиколи обезбедувањето за да направи селфи со Макрон, додека пак облекувајќи се како британски спортист успеал да влезе на церемонијата на затворање на Олимпијадата во неделата вечерта.

Јутјуберот кој го носи името „Јарво 69“ е познат по хумористичните шеги што ги снима и објавува на социјалните мрежи.

На снимката од затворањето на Олимписките игри можете да го видите како насмеан се шета по стадионот на Франција, каде што се одржа церемонијата. Носел службена спортска облека на британските спортисти, за да го заобиколи обезбедувањето, кое наводно било во состојба на готовност.

Жервис успеа да ја постигне својата главна цел: во огромна гужва на стадионот го пронашол Макрон и побарал да се фотографира со него, што францускиот претседател го прифатил со насмевка.

Share
Scroll to Top